Извадена една од црните кутии на Ту-154

Црната кутија ќе биде пренесена во Москва каде ќе се пристапи на нејзино дешифрирање.

Црната кутија на урнатиот Ту-154 на Министерството за одбрана на Русија, најдена на местото на несреќата, е извадена од водата, пренесува „Лента.ру“ повикувајќи се на извор во службите за спасување.

Изворот прецизира дека се работи за параметрички рекордер. „Во најскоро време авион со црната кутија ќе полета од Сочи за Москва, каде ќе се врши дешифрирање од страна на експерти на Министерството за одбрана на Русија“, изјави тој.

Претходно во вторникот беше соопштено дека е пронајдена една од црните кутии на авионот и дека нејзината состојба е непозната. Засега не се најдени уште две црни кутии кои се наоѓаат во опашката на авионот.

Според зборови на изворот, како приоритетна верзија за несреќата се разгледува можноста од навлегување на туѓи предмети во моторот на авионот.

На 26 декември очевидец на настанот изјави дека авионот веднаш по полетувањето од аеродромот Адлера наместо да се крева во височина, почнал брзо да се спушта кон површината на морето со неприродно кренат преден дел. За миг Ту-154, според зборовите на очевидецот, допрел до површината на морето со опашката, која се откинала при ударот, по што паднал во водата и брзо потонал.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња