Во Алепо откриени масовни гробници

Во ослободените од бунтовниците делови на градот, исто така, најдени се муниција и тешко оружје.

Руската војска откри во ослободените области на Алепо масовни гробници.

„Резултатите само од првото истражување на реоните на Алепо, напуштени од т.н. опозиција, можат за многумина да претставуваат шок.  Откриени се големи гробници на повеќе десетици Сиријци подложени на дива тортура и егзекуција. Кај многумина недостигаат делови од телото, повеќето се застрелани во главата“, изјави во понеделникот портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува „Интерфакс“.

Тој напомена дека сите откриени резултати се документираат како најтешки воени злосторства на терористите и ќе бидат објавени со максимален публицитет.

Според него, тоа ќе доведе „европските поддржувачи на т.н. опозиција во Лондон и Париз“ да станат свесни што всушност претставуваат нивните протежеа.

„Единствените кои сѐ уште не можат да се најдат во источниот дел на Алепо се т.н. волонтери-спасувачите од „Белите шлемови“, кои свечено беа прифатени во најдобрите куќи на Париз и Лондон и за малку номинирани за Нобеловата награда за мир", - додаде тоj, пренесува „Взгљад“.

Покрај тоа, според него, во ослободените области на Алепо се најдени „седум огромни магацини со муниција, доволна за да се вооружат неколку пешадиски баталјони, како и голем број на сметководствени документи“.

Генералот додаде дека во последните денови, кога руските офицери ги довезувале автобусите во областите контролирани од бунтовниците во Алепо, терористите вршеле минирање на територијата.

„Се минираше буквално сѐ за кое се имаше време и муниција: улици, влезови во згради, автомобили, мотоцикли оставени на улица, па дури и играчки за деца“, изјави " Конашенков.

„На многу мал простор се на урбаното подрачје се пронајдени три тенкови, два топа, два ракетни системи и безброј самоделни минофрлачи и ракетни системи“, додаде генералот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња