Катастрофата на авионот Ту-154 над Црното море можела да биде предизвикана поради технички дефект на леталото или поради грешка на пилотот, изјави министерот за транспорт на Русија Максим Соколов, кој се наоѓа на чело на владината комисија за истрага на инцидентот.
Терористички напад, според министерот Соколов, не се разгледува како основна верзија за падот на авионот. „Но, ќе потенцирам дека тоа го утврдува истрагата, како и специјалната техничка комисија на Министерството за одбрана“, изјави Соколов, пренесува „Лента.ру“.
Операцијата за пребарување и спасување на подрачјето на катастрофата ќе трае колку што е потребно, потенцира Соколов. Во операцијата се вклучени сили на Министерството за одбрана на РФ, ФСБ, „Росавијација“ и „Росморречфлот“.
Досега се пронајдени телата на 11 загинати. Министерството за транспорт исто така смета дека е можно дел од остатоците да се најдат и во водите на Абхазија. Абхазиската страна, од своја страна, изрази подготвеност да им помогне на руските колеги во пребарувањето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче