На местото на падот на Ту-154 најдени телата на уште двајца загинати

Во спасувачката операција по повод падот на авионот Ту-154 досега се пронајдени вкупно 13 тела на жртвите од несреќата.

На подрачјето на падот на авионот Ту-154 на Министерството за одбрана на Русија пронајдени се телата на уште две жртви,  соопшти извор во безбедносните структури, пренесува „Лента.ру“.

„Во текот на денот се најдени двајца загинати и делови од тела. Вкупно, на тој начин, во текот на спасувачката операција беа пронајдени телата на 13 загинати“, истакна соговорникот.

Првиот авион со останките пристигна во Москва. Телата се упатени во 111 Главен државен центар за судско-медицински и криминалистички вештачења на Министерството за одбрана на Русија за идентификација. Според некои информации, првата жртва е веќе идентификувана. Името сепак не се прецизира.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња