Захарова: Разбираме зошто Киев се радува на смртта на 80 руски војници

Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова реагира на написите на медиумите кои известуваат за радоста на украински политичари по падот на авионот ТУ-154.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова ги коментираше написите во медиумите за тоа дека украински политичари се радувале по падот на авионот Ту-154 на руското Министерство за одбрана.

„Медиуми: „Советникот на претседателот на Украина Петро Порошенко, Јуриј Бирјуков напиша на својата страница на „Фејсбук“ дека сака да однесе шише „Бојаришник“ во руската амбасада во Киев по падот на авионот на Министерството за одбрана на Русија Ту-154 во Црното Море. „Се урна авион на МО Русија... Добив само една желба - да однесам во амбасадата на ордата шише „Бојаришник“, напиша шефот на воениот ресор. Бирјуков исто така го нарече „парадоксален парадокс“ тоа што Русите „искрено не ја разбираат причината поради која ние ѝ се радуваме на смртта на 80 војници“ на Руската армија“.

Ние не ги разбираме причините поради кои официјален Киев се радува на смртта на 80 војници?!! Ние многу добро ги разбираме тие причини и одамна зборуваме за нив: во Украина на власт дојдоа луѓе, поддржани националисти и радикали. Тоа се сите причини. Само што сега не ги разбираме само ние“, го завршува својот коментар Захарова на „Фејсбук“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња