Објавено видео од местото на падот на Ту-154

На интернет се појави видео запис од местото на падот на авионот Ту-154 на Министерството за одбрана на Русија. Местото на падот на авионот во моментов се пребарува.

Видеото го објави РТ.

Авионот Ту-154 се урна во неделата наутро седум минути по полетувањето од аеродромот Адлера. Авионот леташе кон провинцијата Латакија во Сирија.

Во авионот на Министерството за одбрана на Русија имаше 92 лица, меѓу кои девет претставници на медиумите (новинари на „Прв канал“, НТВ и телевизија „Ѕвезда“) и 64 членови на ансамблот „Александров“, пренесува „Взгљад“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња