Досега пронајдени телата на 10 загинати при падот на Ту-154

Повеќе од три илјади луѓе и 27 бродови се вклучени во операцијата за пребарување во Црното Море, каде што се урна Ту-154.

Ова за „Лента.ру“ го соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Во моментов се најдени телата на 10 загинати. Пребарувањето се врши на 10,5 квадратни километри.

„Во пребарувањето се вклучени 27 бродови и пловила, 37 нуркачи, четири хеликоптери, беспилотни летала и диригирани длабоководни апарати“, изјавија од рускиот одбранбен ресор.

Исто така, министерството соопшти дека во Сочи ќе будат испратени повеќе од 100 нуркачи со специјална опрема – од другите флоти, покрај Црноморската.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња