Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп се согласува со рускиот лидер Владимир Путин дека американските демократи и нивниот кандидат кој ги загуби претседателските избори Хилари Клинтон бараат виновници, наместо достоинствено да го прифатат поразот на претседателските избори.
„Владимир Путин изјави денеска за Хилари и демократите: „Според мене, тоа е понижувачки. Треба да се губи достоинствено“. Тоа е точно!“, напиша Трамп на својот профил на „Твитер“, пренесува РИА „Новости“.
Во петокот Путин изјави дека сегашната администрација на САД го гради својот став за изборите со барање виновници отстрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче