Претседателот на Сирија Башар Асад во телефонски разговор му се заблагодари на рускиот колега Владимир Путин за напорите што Русија ги вложи во ослободувањето на Алепо, пренесува РИА „Новости”.
„Во текот на разговорот Асад се заблагодари за напорите што ги вложија претседателот Путин и Русија, која заедно со сојузниците беше главниот учесник во ослободувањето на Алепо“, се наведува во соопштението.
Асад истакна дека „победата во Алепо отвора можност за политичка дејност во Сирија и дека ќе поттикне многумина кои го попречуваа овој процес да му се приклучат“.
Претседателот на Русија во разговорот му го честиташе на својот сириски колега ослободувањето на Алепо од терористите и истакна дека е неопходно да се концентрираат напорите врз прашањата на политичкото регулирање на кризата, соопшти во петокот Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче