Како што изјавија од штабот на Трамп, во писмо, добиено на 15 декември, Владимир Путин изразува надеж дека Русија и САД ќе преземат конструктивни чекори за обнова на билатералните односи и подигање на соработката на меѓународната сцена на квалитетно ново ниво.
Во текстот на писмото, кое го објави штабот на Трамп, се истакнува дека односите меѓу Москва и Вашингтон остануваат важен фактор во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста на современиот свет, а сериозните глобални и регионални предизвици во последниве неколку години го докажуваат тоа.
„Многу убаво писмо од Владимир Путин; неговите идеи се толку точни. Се надевам дека двете страни ќе бидат способни да се придржуваат до тие идеи и дека нема да мораме да одиме по алтернативен пат“, вели во својот коментар на писмото Трамп, пренесува РИА „Новости“.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков подоцна потврди дека претседателот упатил божиќни и новогодишни честитки до американскиот политичар во кои тој изразува надеж за подобрување на односите меѓу двете земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче