Шојгу го информираше Путин за завршувањето на операцијата во Алепо

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу на состанокот со претседателот на земјата Владимир Путин информираше за завршувањето на воената операција во Алепо.

Во ослободените реони на сирискиот град е испратен баталјон руска воена полиција, соопшти минситерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

„За одржување на редот и мирот на ослободените територии од четвртокот вечерта таму е испратен баталјон воена полиција“, објасни шефот на рускиот одбранбен ресор, пренесува „Лента.ру“.

Министерот за одбрана на РФ исто така соопшти дека повлекувањето на милитантите од градот е завршена.

„Операцијата се одвиваше по ваша наредба во тесен контакт со колегите од Турција и Иран. Понатаму треба да следи следната етапа. Ние, на мој поглед, сме многу блиску до постигнување договор за целосен прекин на огнот на територијата на Сирија“, изјави Шојгу.

Путин истакна дека ослободувањето на Алепо од радикалните елементи „претставува важна компонента за целосната нормализација во Сирија и (...) во регионот во целина“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња