Путин ги кажа условите под кои РФ ќе ги укине возвратните мерки спрема ЕУ

Претседателот на Русија Владимир Путин ги наведе условите за укинување на мерките кои беа воведен како одговор на европските санкции.

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на големата прес-конференција изјави дека Русија со задоволство ќе ги укине возвратните мерки против ЕУ, ако ЕУ ги укине санкциите против Русија.

„Ние не воведовме против европските земји никакви санкции. Единственото нешто што го направивме е што одговоривме на ограничувањата воведени против руската економија. Но, ние со задоволство ќе ги укинеме сите мерки (...) доколку нашите партнери, вклучувајќи ја и Европа, ги укинат антируските санкции“, рече Путин, пренесува РТ на руски.

Тој исто така изјави дека Русија е расположена за заедничко решавање на проблемите со Европа, вклучувајќи ја и борбата против тероризмот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња