Во Државната Дума се зборуваше за признавање на независноста на ДНР и ЛНР

Членот на Комисијата за прашања на Заедницата на независни држави, евроазиска интеграција и врски со сонародниците Казбек Тајсаев на пленарната седница на Државната Дума предложи да се признае независноста на народните републики на Донбас, доколку Киев не ги исполни своите обврски преземени со потпишувањето на „Минската спогодба“.

„По повод катастрофалната хуманитарната ситуација во ДНР и ЛНЕ, земајќи ја предвид политиката на геноцид и терор врз жителите на Донбас, сметам дека е исклучително важно пред сѐ да формираме работна група која детално ќе ја анализира ситуацијата во Донбас“, рече Казбек Тајсајев, пренесува „Рамблер“.

Како што смета пратеникот, во случај властите на Украина во рок од половина година да не ги исполнат преземените обврски, Думата мора да даде изјава по повод катастрофалната ситуација во ДНР и ЛНР и да подготви предлози за претседателот на Русија за признавање на резултатите од референдумот во Донбас, што значи суверенитетот на тие републики.

„Киев создава услови за физичко уништување на населението на Донбас“, смета пратеникот. Освен тоа, според него, на луѓето од регионот им се наметнуваат антисоветизам и русофобија.

„Сѐ што се случува во овие републики спаѓа во категоријата геноцид. Наметнувањето  антисоветизам, русофобија, забраната за употреба на рускиот јазик, теророт над цивилите, уништувањето на културните споменици, црквите, социјалните објекти - на тој начин се создаваат услови за физичко уништување на населението на Донбас“, изјави Тајсаев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња