Министерството за надворешни работи на Украина работи на формат за воведување визен режим меѓу Русија и Украина, изјави шефот на украинската дипломатија Павло Климкин во програмата на каналот „1+1“.
Како што појасни Климкин, сложеноста се состои во тоа што треба да се предвидат можните контрамерки на Русија како одговор на визите за руските граѓани кои ќе ги воведе Киев. Според него, во Русија живеат неколку милиони државјани на Украина, против кои можат да бидат организирани „провокации“.
Министерот истакна дека во моментов неговиот ресор ја анализира ситуацијата и наскоро време ќе достави предлог за тоа како имено треба да се воведе визниот режим и во кои рокови, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче