Путин ја оцени состојбата на руската нуклеарна тријада

Уделот на модерното оружје во руската нуклеарна тријада е околу 60%, изјави претседателот на Русија Владимир Путин, истакнувајќи дека состојбата на стратешките вооружени сили опремени со нуклеарно оружје се одржува на потребното ниво.

На состанокот на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија Путин изјави дека нуклеарната тријада (стратешката авијација, интерконтиненталните балистички ракети и атомските подморници) ја игра клучната улога во одржувањето на стратешкиот паритет, пренесува „Взгљад“.

Според него, ненајавените проверки на борбената готовност на ВС Русија ја потврдиле можноста за оперативно преместување на руските сили на големи растојанија во најкраток рок.

Исто така, Путин истакна дека за една година степенот на борбената обука на силите е зголемен.

Претседателот на Русија исто така додаде дека Министерството за одбрана наредната година треба да се фокусира на обезбедување балансиран развој на сите видови и родови војска, при што треба да се продолжи со развојот на високопрецизното оружје, современите средства за врска, разузнавање, управување и противелектронска борба.

Борбениот потенцијал на руските стратешки нуклеарни сили треба да се зајакнува со ракетни системи способни за сигурно надминување на постојните и идни системи за противвоздушна одрбана.

Стратешките ненуклеарни сили исто така треба да достигнат ново ниво кое ќе им овозможува да неутрализираат секаква воена закана за Русија, изјави Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња