Односот на Американците спрема Русија се влоши до нивото од студената војна

Односот спрема Русија меѓу граѓаните на САД падна на нивото од пред 30 години и, според резултатите на анкетата спроведена од страна на Чикашкиот совет за глобални прашања, изнесува 32 степени на скалата од 100, каде што 0 значи крајно негативни чувства, а 100 - позитивни.

Во рамките на социолошкото истражување беа интервјуирани 1005 лица од 16 до 18 декември во сите држави на САД, пренесува „Взгљад“.

Се истакнува дека меѓу приврзаниците на Републиканската партија односот расте на 35 степени, додека меѓу демократите - се намалува на 28.

Социолозите истакнуваат и дека во јуни оваа година, просечниот резултат изнесувал 40 степени.

Во 2014 година, овој показател падна на 36, иако во 2010 година изнесуваше 48 степени.

Според социолозите, најдобар однос Американците имале спрема Русија во 1990 година (59 степени). Цифрата 31, аналогна на сегашната, била регистрирана во 1986 година.

Од испитаниците, исто така, беше побарано да се изјаснат за можната истрага на Конгресот на САД на сајбер-нападите против американските политички организации, за што Вашингтон неосновано ја обвинува Москва. Таквата иницијатива е поддржана од 65% од населението, против се изјасниле 31% , пред сѐ републиканците (51%).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња