Кремљ:авторот на статијата во „Њујорк Дејли Њуз“ за Карлов е „непресметлив“

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека авторот на статијата за убиениот руски амбасадор во Турција Андреј Карлов е непресметлив.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков смета дека материјалот на „Њујорк Дејли Њуз“ за убиството на рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов можел да го напише само човек со первертирано поимање на „што е добро, а што е лошо“.

„Знаете, навистина многу, за жал, луѓе не се сосем пресметливи, а често – целосно непресметливи, со первертирано поимање на она што е добро, и она што е лошо. Не мислам дека тие луѓе, во кои несомнено спаѓа авторот на статијата, заслужуваат било какво споменување или некакво паметење“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали Москва има намера да побара извинување од авторот на статијата, пренесува РИА „Новости“.

Претходно авторот на статијата во американскиот весник Кунтцман одби да се извини за својата статија за убиството на рускиот амбасадор.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња