Захарова се сомнева во менталното здравје на авторот на „Њујорк Дејли Њуз“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова го коментираше написот во американскиот весник „Њујорк Дејли Њуз“ во кој авторот Герш Кунтцман пишува за убиството на рускиот амбасадор Карлов во Анкара.

Захарова пишува на својот профил на „Фејсбук“ дека МНР Русија денеска ќе испрати до главниот уредник на „Њујорк Дејли Њуз“ писмо во кое се бара извинување поради објавувањето на „ксенофопската статија која содржи оправдување за постапките на терористот“ и додава:

„Но, јас имам прашања до биолошкиот објект кој ја напиша (статијата).

Герш Кунтцман, Вие сериозно ги споредувате мотивите на еврејскиот студент Хершел Гриншпан со идеите според кои се раководел Мевлут Алтинташ?! Дали сфативте дека ја споредивте борбата на Евреите со антисемитизмот кој крајот на 30-те години со терористичките методи на „Исламската држава“ и „Нусра“, кои ја презедоа одговорноста за овој терористички акт?

За Вас тоа е исто? А спрема терористичките напади во Израел кои ги вршат бомбаши-самоубијци, Вие се однесувате со истото разбирање или со уште поголемо?

Дали сте свесни, Герш Кунтцман? Јас разбирам дека во Државите (САД), вклучително и не без Вашите напори, ја допишуваа историјата на 20 век до целосен апсурд, кога луѓето воопшто престанаа да се ориентираат во време и простор. Но, зар до толку?!

И уште ова. Ги повикувам антифашистичките организации во целиот свет да дадат оценка за оваа публикација! Потоа може да биде доцна!“, го завршува Захарова своето обраќање до американскиот новинар, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња