„Испораката на шест МиГ-29 ќе се случи во март-април следната година откако ќе ги поминат техничките прегледи, затоа што авионите ќе бидат префрлени од Министерството за одбрана во рамките на воено-техничка соработка. Србија е наш стратешки партнер“, изјави Пунчук, пренесува „Взгљад“.
Тој исто така потсети дека во мај Русија ѝ испорача на Србија два хеликоптера Ми-17В5.
Во понеделникот шефот на владата на Србија Александар Вучиќ изјави дека договорот за предавање на Србија на шест ловци МиГ-29 може да биде потпишан наредната недела во Москва, додека леталата ќе пристигнат во Белград во март 2017 година.
Белград се заинтересира за руските средства за ПВО и ловците МиГ-29 по соопштенијата за плановите на Хрватска за засилување со американско оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче