Медиум: советниците на Трамп не ја сметаат Русија за главна закана за САД

Магазинот „Форин Полиси“ пишува дека советниците на Трамп ја исклучиле Русија од списокот со најголеми закани по безбедноста на Русија.

Русија не се најде на списокот на најголеми закани по националната безбедност на САД, соопштува изданието „Форин Полиси“ повикувајќи се на документ на Министерството за одбрана на САД.

Аналитичкиот документ на американското министерство е направен според рејтингот на приоритетни насоки на политиката на идната администрација во сферата на безбедноста. Списокот со „закани“ е предаден на Пентагон од страна на претставник на транзицискиот тим на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Во белешката се вели за спротивставување на терористичката група ИД, за развој на нов концепт на сајбер-безбедност и потреба од намалување на дефицитот на буџетот. Покрај тоа, се споменуваат и секојдневни брифинзи за членовите на транзицискиот тим на Трамп, на кои се однесуваат прашањата на односите со Кина и Северна Кореја. „Меѓутоа, во извештајот не се споменува ниту еднаш Русија“, пишува изданието, пренесува РИА „Новости“.

Во контекст на затегнатите односи меѓу земјите, авторот на статијата смета дека на овој факт треба да му се посвети исклучително внимание. Како потврда на својот став тој ја наведува неодамнешната изјава на шефот на Здружениот комитет на началниците на штабовите на ВС САД генерал Џозеф Данфорд: „Ако сакате да ви ја именувам државата која претставува директна закана за Соединетите Држави, ќе ви ја именувам Русија“.

Според мислењето на новинарот, аналитичкиот документ претставува уште еден доказ за идната промена на надворешнополитичките ориентири на Вашингтон.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња