Францускиот центар CFPА го предложи Путин за Нобелова награда за мир

Францускиот Центар за политички и надворешни работи го предложи претседателот на Русија Владимир Путин за Нобелова награда за мир, изјави раководителот на центарот Фабиен Босар.

Раководителот на францускиот Центар за политички и надворешни работи (CFPÂ) Фабиен Босар официјално го истакна како кандидат рускиот претседател Владимир Путин за Нобелова награда за мир.

„Како прв човек на CFPÂ, јас официјално ја предложив кандидатурата со испраќање на писмо до норвешкиот Нобелов комитет во кое, според моето мислење, претседателот Владимир Путин може да ја добие Нобеловата награда за мир како награда за неговите напори за мир“, изјави Босар за РИА „Новости“.

Според Босар, тој смета на поддршка на кандидатурата од други експерти и политичари.

Тој истакна дека на времето претседателот на САД Барак Обама ја доби Нобеловата награда за мир, кога американските војници сѐ уште се наоѓаа во Ирак. На тој начин, според Босар, воздушните напади врз позициите на терористите во Сирија не треба бидат пречка за доделувањето на Нобеловата награда на рускиот лидер, кој истапува со различни мировни иницијативи.

„Мислам дека претседателот Путин ја заслужи. Тој е единствениот кој вистински се бори со тероризмот“, додаде првиот човек на организацијата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња