Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп го осуди убиството на рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов и изјави дека атентатот е дело на рацете на „радикален исламски терорист“.
„Убиството на амбасадорот е кршење на сите норми на цивилизираниот свет и тоа заслужува сеопшта осуда“, се вели во писмената изјава на Трамп, пренесува РИА „Новости“.
Политичарот исто така изрази и сочувство до семејството и блиските на загинатиот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче