Претседателот на Русија Владимир Путин во врска со убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во Анкара и терористичкиот напад во Берлин им нареди на специјалните служби на РФ да преземат дополнителни мерки за осигурување на безбедноста во Русија и руските дипломатски мисии во странство.
„Барам службите за безбедност да преземат дополнителни мерки за осигурување на безбедноста во и надвор од Русија, да ја зголемат безбедноста на руските институции во странство и нивните вработени“, рече Путин на свечената вечера на Денот на работниците на органите на безбедноста.
Претседателот, исто така наложи „преку партнерските канали да се засили работата со специјалните служби на другите држави“.
Тој исто така ја повика меѓународната заедница да ги здружи напорите во борбата против тероризмот. „Се чини дека денес во Европа имаше уште едно такво злосторство. Загинаа многу луѓе во Берлин. Ние, изразувајќи сочувство и посакувајќи им брзо закрепнување на настраданите, ќе потсетиме уште еднаш дека предлагавме повеќе пати и предлагаме и сега: да ги обединимена напорите во борбата против меѓународниот тероризам“, рече Путин.
„Единствено така можеме да победиме“, потенцираше претседателот на Руската Федерација, пренесува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче