Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати телеграма со сочувство до рускиот претседател Владимир Путин по повод атентатот врз амбасадорот на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов.
„Со шокираност и со чувство на огорченост ја примив веста за атентатот врз амбасадорот на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов. Ова ѕверско убиство е напад против сите правила и принципи на меѓународните односи. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејството на амбасадорот Карлов, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое, лично, име да Ви упатам изрази на длабоко сочувство“, се вели во телеграмата од Иванов до Путин.
Телеграмата е објавена на сајтот на македонскиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче