Полска против ЕК за зголемување на испораките на „Гаспром“ преку ОПАЛ

Властите на земјата се залагаат против зголемувањето на испораките од рускиот гасен гигант во Европа со заобиколување на Украина.

Полска поднесе жалба во Европскиот суд на правдата на одлуката на Европската комисија, која во октомври 2016 му овозможи на „Гаспром“ да ја зголеми испораката на гас преку гасоводот ОПАЛ заобиколувајќи ја Украина, соопштува РБК. „Ситуацијата ја загрозува безбедноста на испораките на гас во Европската унија, особено во регионот на Централна Европа“, изјави портпаролот на полското Министерството за финансии Јоана Вајда.

До крајот на зимата ЕК тешко дека повторно ќе ја разгледа оваа одлука, смета Игор Јушков, водечки аналитичар на Фондот за Национална за Енергетска Безбедност. „Германија и некои други европски земји не се сигурни дека безбедно ќе ја поминат грејната сезона, затоа тие и лобираа за одлуката да се стави ОПАЛ речиси во полн капацитет“, вели Јушков.

Гасоводот ОПАЛ го обединува „Северен тек“ со гасоводниот систем во Централна и Западна Европа со капацитет од 36 милијарди кубни метри гас годишно. Последната одлука на ЕК му овозможува на „Гаспром“ да учествува на тендерите за испорака на гас преку овој гасовод до 28 милијарди кубни метри, односно да добие пристап до 78% од капацитетите. Според Вајда, ова решение води до концентрација на еден извор на испорака, што му противречи на принципот на диверзификација.

Полска нема никаква врска со украинскиот гасовод, бидејќи тој во целост се „храни “ од гасоводот „Јамал-Европа“ кој минува низ Белорусија, истакнува Игор Јушков. Сепак, според аналитичарот, Полска стравува дека ќе се реализира „Северен тек 2“ (гасоводот ќе поминува низ Балтичкото Море) и експлоатирањето на ОПАЛ ќе порасне на 100%. Тогаш може да дојде до вишок на капацитетите, а Русија може да го намали транспортот преку гасоводот „Јамал-Европа“, а со тоа и преку територијата на Полска, коментира Јушков.

„Не треба да се заборави дека ОПАЛ е само еден од гасоводите на територијата на Германија, на пример, постои уште и гасоводот НЕЛ, постојат и други гасоводи преку кои може да се испорачува руски гас во Европа, постојат и други добавувачи на јаглеводороди“, истакнува Дмитриј Баранов, водечки експерт на УК „Финам Менеџмент“. Во наведениот случај, не е исклучено дека новите правила за пристап до ОПАЛ можат да бидат употребени како преседан за пристап до другите гасоводи, смета аналитичарот.

Во 2015 година „Гаспром“ испорача во Европа 145 милијарди кубни метри гас, а во 2016 може да ја зголеми оваа бројка за 8-10 милијарди, вели Јушков. Претходно првиот човек на „Гапсром“ Алексеј Милер изјави дека европската побарувачка за рускиот гас е поврзана со намалување на производството во Европа, затоа уделот на „Гаспром“ во европскиот баланс на гас расте.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња