Воен авион принудно слета во Сибир, повредени војници

Шеснаесет лица се здобија со тешки телесни повреди како резултат на принудното слетување на авион Ил-18 во Јакутија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Според податоците на Министерството за одбрана на Русија, во авионот Ил-18 се наоѓале 32 патници и 7 членови на екипажот.

„Авионот принудно слета денес во 4:45 на 30 километри од аеродромот Тикси. Авионот реализираше планиран лет од аеродромот Канск“, соопшти министерството, додавајќи дека на местото на несреќата е излезена специјална комисија на МО РФ, пренесува РИА „Новости“.

Според податоците на Министерството за здравство, во реонската болница во Тикси се донесени 34 лица. Шестмина од нив се во крајно тешка состојба, уште 28 – во тешка. За нивна евакуација Министерството за одбрана на Русија испрати авион во Јакутија, опремен со медицински модули. Авионот треба да ги пренесе војниците во болници во Москва и Санкт Петербург.

Од владата на Јакутија изјавија дека причина за несреќата, според првичните податоци, е силен страничен ветар.

Претходно извор во безбедносните структури соопшти дека по падот авионот се распаднал на три дела.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња