Во Анкара е извршен вооружен напад врз амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов, соопштува турската телевизија NTV.
Според информациите на телевизијата, Карлов е тешко ранет. Инцидентот се случил на отворање на фотоизложба.
Министерството за надворешни работи на Русија подоцна ја потврди информацијата дека рускиот дипломат е тешко ранет. Во моментов на Карлов му се укажува помош на местото на настанот. Од министерството истакнуваат дека руската страна е во контакт со турските институции.
Како што изјави за РИА „Новости“ очевидец на настанот, амбасадорот говорел на отворањето на изложбата, кога зад него се слушнал повик „Алаху акбар!“ и некој почнал да стрела.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче