Москва: убиството на амбасадорот на РФ во Анкара е терористички чин

Турските власти уверуваат дека ќе спроведат детална истрага на убиството на амбасадорот на РФ во Турција, потенцира портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Русија го квалификува убиството на амбасадорот на РФ во Турција Андреј Карлов како терористички акт, соопшти во понеделникот портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, пренесува ТАСС.

„Го квалификуваме настанот како терористички акт, се наоѓаме во врска со турските официјални лица, од кои добивме уверување дека ќе биде спроведена детална сеопфатна истрага. Убијците ќе бидат казнети. Денеска ова прашање ќе биде поставено пред членките на СБ ООН“, изјави Захарова.

„Тероризмот нема да помине, одлучно ќе се бориме против него. Во нашите срца засекогаш ќе остане сеќавањето за истакнатиот руски дипломат, човек кој направи навистина многу за спротивставување на тероризмот на својата дипломатска функција, Андреј Генадјевич Карлов. Вечерва Министерството за надворешни работи на Руската Федерација ќе даде соодветна изјава која ќе биде објавена“, додаде таа.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња