Медиум: Вашингтон не треба да ја гледа Русија како „империја на злото“

Русија повеќе не претставува „Империја на злото“, но секој нејзин чекор на меѓународната сцена може да се одрази на американските интереси, затоа Вашингтон треба да биде заинтересиран за соработка со Москва, пишува „Национален Интерес“.

Во моментов односите со Русија можат да се гледаат и како предизвик, и како добра можност, сметаат авторите на статијата.

„Русија повеќе не претставува „Империја на злото“ на која САД ѝ се спротивставуваа со децении во студената војна. Сепак, Москва останува фактор чии чекори на клучен начин влијаат на интересите од животна важност на САД за низа глобални прашања“, пишува магазинот „Национален Интерес“.

Пред сѐ, Вашингтон не треба да заборави дека Русија останува единствената држава која е способна да ги збрише САД од лицето на земјата за половина час, истакнуваат авторите. Како второ, Москва е клучната сила во борбата против заканата од нуклеарен тероризам и ширење на оружјето за масовно уништување. Покрај тоа, подготвеноста на Русија да споделува разузнавачки податоци може сериозно да влијае на спречувањето на терористички напади ширум светот.

Важно е да се памети и дека Русија е најголемата земја во светот: таа граничи со Кина, Полска и САД, потсетуваат авторите на статијата.

 „На тој начин, изјавите дека Русија е само „регионална“ сила, не го земаат предвид дека оваа држава се граничи со сите важни региони“, се вели во текстот.

Покрај тоа, авторите ги истакнуваат научните достигнувања на Русија, на пример во сферата на сајбер-технологиите, како и во одбранбената сфера – Русија се одликува со производството на импресивно оружје. Дури и во вселената – до Меѓународната вселенска станица американските космонаути ги довезуваат руски ракети, се вели во статијата.

Важно е да се истакне дека Русија е земја-борец: таа веќе ја демонстрираше подготвеноста да ги штити своите интереси по воен пат, пишува магазинот. И во исто време Москва може да ги расипе американските планови како никој друг. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња