Раководителот на прес-службата на „Укртрансгас“ Максим Белјавски објави на својата страница на „Фејсбук“ фотографија од резервоар кој ги содржи, според неговите зборови, „последните половина кубни метри руски гас“.
Експонатот, како што соопштува изданието „Кореспондент.нет“, ќе биде продаден на добротворна аукција која ќе ја одржи DiXi Group. Средствата добиени од продажбата ќе бидат наменети за помош на детскиот дом во Северодонецк.
Првиот човек на „Нафтогас на Украина“ Андреј Коболев претходно соопшти дека Киев, најверојатно, нема да купува руски гас до крајот на зимата, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче