Столтенберг: НАТО е против студена војна со Русија

НАТО не сака конфликт со Русија, притоа вмешувањето на Алијансата во војната во Сирија може само да ја влоши ситуацијата и да доведе до нови жртви, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО во интервју за германскиот „Билт ам Зонтаг“ изјави дека ја одобрува одлуката на ЕУ за продолжување на санкциите против Русија. „Економските санкции испраќаат јасен сигнал до Русија, дека таа скапо ќе плати за кршење на нормите на меѓународното право и промена на границите со помош на сила“, изјави тој.

Истовремено тој се залага за дијалог со Русија. „Пораката од состанокот на советот Русија-НАТО е таа: НАТО не сака ескалација, не сака студена војна“, потенцира Столтенберг.

Зборувајќи за ситуацијата во Сирија, генералниот секретар на НАТО ја нарекува „страшна човечка катастрофа“. „Понекогаш е правилно да се прибегне кон примена на сила НАТО – на пример, во Авганистан. Но понекогаш штетата од воена интервенција е поголема отколку позата. Во однос на Сирија, партнерите на НАТО дојдоа до заклучок дека примената на воена сила уште повеќе би ја влошило таа ужасна ситуација“, изјави тој.

Столтенберг истакнува дека воена интервенција може да доведе до уште поголем регионален конфликт и смрт на голем број невини луѓе, меѓутоа тоа не може да ги реши сите проблеми. „Ако реагираме на секој проблем, на секоја хуманитарна катастрофа со сила, тогаш, како краен резултат, во светот ќе има уште повеќе војни и страдања“, изјави тој.

Коментирајќи го ослободувањето на Алепо од страна на сириската армија, генералниот секретар на НАТО изрази увереност дека победата на Дамаск не значи автоматски крај на војната во Сирија. „Асад прододлжува да се бори против сопствениот народ. Борбата со ИД ќе продолжи. Но, веројатно, Алепо ќе ја покаже потребата од политичко решение“, изјави Столтенберг, повикувајќи ги сите страни да се договорат за прекин на огнот, пренесува „Лента.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња