„Имаме многу едноставни идеи, и ако тие ги поддржат тие едноставни идеи, ќе можеме да усвоиме денеска соодветна резолуција“, изјави Чуркин за новинарите, пренесува РИА „Новости“.
Според него, Русија е подготвена да предложи конкретни идеи и, доколку го нема прашањето на суета, уште денес можат да се појават добри предлози одобрени од Советот за безбедност.
Претходно Чуркин изјави дека РФ не може да ја поддржи француската предлог-резолуција за распоредување набљудувачи на ООН во Алепо, затоа што тој предлог не може да се реализира и е опасен.
Советот за безбедност на ООН во неделата одржува вонредна седница за француската предлог-резолуција за мониторинг на евакуацијата во сириски Алепо, по што документот ќе биде ставен на гласање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче