Прес-службата на Комсомолскиот на Амур авијациски завод „Ј.А. Гагарин“ (филијала на ПАО „Компанија „Сухој“) претстави нови фотографии од ловецот од петта генерација ПАК ФА (Т-50).
Галеријата со фотографии од осмиот примерок Т-50 е објавена на официјалниот сајт на фабриката, пренесува „Интерфакс“.
Како што соопшти на 10 декември командантот на ВКС РФ генерал-полковник Виктор Бондарев, роковите за првите испораки на ловецот од петта генерација (ПАК ФА) во 2017 година ќе бидат во целост запазени.
„Сите рокови се запазуваат. Испитувањата на ПАК ФА одат со чекори од седум милји. Веќе е испорачан осмиот примерок“, изјави Бондарев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче