Група вооружени лица извршила разбојнички напад врз припадник на полицијата при што го одземала неговото возило, а потоа истата група влегла во домот на друг полицаец. Откако бил направен обид за запирање на возилото со бандитите, започнала престрелка во која припадниците на безбедносните сили убиле четири лица. Извор во органите на редот и мирот изјави за РИА „Новости“ дека во врска со престрелката се приведени тројца бандити, а по уште тројца се трага.
„Во моментов осомничените за нападот се блокирани на гробиштата во Старопромисловскиот реон, во тек е специјална операција“, изјави соговорникот на агенцијата.
На интернет е објавено и видео од престрелката.
Меѓу припадниците на полицијата нема жртви.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче