Американските разузнавачки агенции четири месеци му предлагаа на Барак Обама различни опции за одговор за нападите на руските хакери, но актуелниот претседател ги отфрли како неефикасни или ризични.
Според весникот „Њујорк Тајмс“, последниве недели советниците на Обама дискутирале за ова прашање повеќе пати во однос на тоа како САД можат да ги искористат своите моќни сајбер-капацитети во услови кога земјата е ранлива на напади од надвор. „Што можеме да сториме за тие да сфатат 98% дека тоа бевме токму ние. Ни притоа тоа да не биде толку очигледно, за да мораат да ни одговараат на нас, бранејќи ја својата чест?“, се прашуваше поранешниот шеф на ЦИА Дејвид Петреус, говорејќи на конференција на Харвард.
Еден од предложените опции до Обама предлага да се откријат тајните врски на рускиот претседател Владимир Путин со олигарсите. Сепак, на тоа следеше одговорот дека таквата вест нема да претставува шок за граѓаните на земјата. Меѓу другите опции беа наведени затворање на пристапот на „внатрешниот круг на рускиот претседател до тајните сметки во Европа и Азија“, забрана за патување во странство за високи офицери на ГРУ, кои американските разузнавачки служби ги сметаат за одговорни за сајбер-нападите врз предизборниот штаб на Хилари Клинтон.
Друга опција е да се користат сајбер-средства за напади врз руски хакери. Сепак, оваа идеја е одбиена во Пентагон. Таму сметаат дека таквата акција би довела до откривање на баговите кои Американците ги инсталирале на руската мрежа во случај на иден сајбер-конфликт. Покрај тоа, Агенцијата за национална безбедност претпоставува дека Русија самата има пробиено американските мрежи и ќе може да изврши возвратен удар.
Изданието истакнува дека Обама ја покажал својата вообичаена претпазливост, пресметувајќи дека е многу полошо да се употребат сајбер-средствата неефикасно, отколку воопшто да не се употребат. Според извори на весникот, тој инсистира на тоа дека одговорот за Русија треба да доведе до доминација на Америка и да се исклучи можноста од пораз.
„Њујорк Тајмс“ потсетува дека токму САД повеќе пати се мешале во избори во странство. Така, во 1948 година ЦИА влијаела на изборите во Италија, со намера да не им дозволи на комунистите да дојдат до власт во таа земја. На ист начин Вашингтон дејствувал и во Иран, Чиле, Гватемала, Јапонија и други држави, пренесува РБК.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче