Истражната комора на Комитетот за етика на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) почна предистражна постапка против вицепремиерот и претседател на Рускиот фудбалски сојуз Виталиј Мутко, соопштува „Дејли Меил“.
Според изворот, ФИФА има намера да утврди дали Мутко е вклучен во системот на државна поддршка за примена на забранети лекови меѓу руските спортисти, за кој во својот извештај зборува шефот на независната комисија на Светската агенција за анти-допинг (ВАДА) Ричард Мекларен.
Доколку се најдат докази, вицепремиерот може да биде отстранет од секаква фудбалска дејност, а Светското првенство во фудбал 2018 може да се одржи во друга земја.
На 12 декември поранешниот претседател на ФИФА Јозеф Блатер го нарече можно преместувањето на мундијалот од Русија во друга земја катастрофа. Последниот бран на апели за одземање на Русија на правото да биде домаќин на Светското првенство се појавија на 9 декември, по објавувањето на вториот дел од извештајот на Мекларен за постоење на систем за државна поддршка на примената на допинг кај руските спортисти.
Светското првенство 2018 година ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони во 11 градови во Русија, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче