Путин разговараше со папата за заштита на христијаните

Претседателот на Русија Владимир Путин во телефонски разговор со папата Франциск разговараше за прашањата на заштитата на христијаните во зоните на регионалните конфликти, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Владимир Путин му го честиташе на папата на 80 роденден, го истакна неговиот голем личен придонес во зајакнувањето на односите меѓу Русија и Ватикан, кои во последно време се искачија на квалитетно ново ниво“, се вели во соопштението на сајтот на Кремљ.

„Претседателот на Русија и папата разменија мислења за прашањата на заштита на христијаните во зоната на регионалните конфликти и важноста на конструктивниот меѓурелигиски дијалог за зачувување на моралните принципи во меѓународните работи“, истакнува Кремљ, пренесува „Взгљад“.

Посебно внимание беше посветено на руско-ватиканската соработка во културно-хуманитарната сфера.

Претходно Путин му испрати на папата Франциск телеграма со честитки.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња