Претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство до неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во врска со терористичкиот напад во Кајзери кој ги однесе животите на 13 турски војници и ја потврди подготвеноста на Москва за зголемување на соработката во борбата против тероризмот. Текстот на телеграма е објавен на сајтот на Кремљ.
„Убеден сум дека одговорот на ваквите криминални напади мора да биде уште порешителната борба против екстремистичките групи. Русија од своја страна е подготвена и понатаму да ја зајакнува соработката со Турција во сферата на борбата против тероризмот“, истакна Путин, пренесува „Лента.ру“.
Шефот на руската држава, исто така, побара да се пренесат неговите зборови на сочувство до семејствата и блиските на загинатите и им посака брзо закрепнување на повредените.
Во саботата во близина на автобус со турски војници експлодираше патнички автомобил. Турскиот Генералштаб соопшти дека загинале најмалку 13 лица, а уште 48 се ранети. Во автобусот имало војници и подофицери на турската армија. Ердоган за експлозијата ја обвини Работничката партија на Курдистан (ПКК).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче