МО РФ: Русија успеа да го направи невозможното во Алепо

Русија успеа да ја одвои „умерената опозиција“ од радикалите во Алепо, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на РФ Игор Конашенков.

„Единственоста на операцијата што ја спроведе рускиот Центар за помирување за безбедно повлекување од Алепо на милитантите и нивните семејства не е само во спасувањето на животите на речиси 10 илјади Сиријци. Оваа операција отвори нов прозорец на можности за воведување на прекин на борбените дејствија во другите делови на Сирија“, изјави Конашенков, пренесува „Лента.ру“.

Конашенков истакна дека успеале да ги одвојат милитантите на таканаречената умерена опозиција од тврдокроните радикали. „Односно, она што нашите американски партнери цела година го сметаа за невозможно да се спроведе во пракса“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија.

Во петокот, 16 декември, рускиот Центар за помирување изјави дека операцијата на сириската армија за ослободување на источните предградија на Алепо под контрола на милитантите е завршена. Владините сили ги неутрализираат изолираните точки на отпор на радикалите.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња