Поранешниот кандидат на американските демократи на претседателските избори Хилари Клинтон изјави дека целта на хакерските напади против штабот и раководството на партијата извршени, според неа, од страна на Русија, била „поткопување“ на американската демократија. Таа додаде дека инструкциите за вршење на нападите „потекнуваат од претседателот на Русија Владимир Путин“, затоа што тој „има нерасчистени сметки“ со неа, пишува „Њујорк Тајмс“.
Според мислењето на Клинтон, Путин ѝ ги нема простено обвинувањата што таа ги кажа во 2001 година, додека беше државен секретар, дека парламентарните избори во Русија таа година биле фалсификувани.
„Тоа не е едноставно напад врз мене и мојата кампања“, изјави таа. „Тоа е напад врз нашата земја. Ние се судривме со нешто што излегува надвор од границите на обичните политички проблеми. Се работи за интегритетот на нашата демократија и безбедноста на нашиот народ“, смета Клинтон.
Клинтон го одобрува предлогот на група американски сенатори за истрага на хакирањето и рече дека истрагата треба да се спроведе од страна на комисија, каква што беше оформена по терористичките напади на 11 септември 2001 година.
Клинтон изјави дека хакерските напади биле еден од двата „невидени“ настани кои доведоа до нејзиниот пораз. Како втор таков настан таа го нарече писмото на директорот на ФБИ Џејмс Коми, кој изјави дека во текот на истрагата биле најдени уште писма на Клинтон кои биле испратени од нејзините приватни сервери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче