Захарова му предлага на Обама да му се извини на Јанукович

Претседателот на САД Барак Обама би можел да му се извини на поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович по изјавата дека не може да допушти мешање во внатрешните работи на странските држави, изјави портпаролот на МНР Марија Захарова.

Захарова ја цитира изјавата на Обама во интервјуто за американското радио Ен-Пе-Ер: „Сметаме дека несомнено треба да преземеме мерки кога владата на која било земја се обидува да влијае на објективноста на нашите избори, и ќе преземеме мерки“.

Американскиот претседател го изјави ова коментирајќи ја информацијата за наводните напади на руски хакери врз американски политички институции.

„Веројатно, тој и на Јанукович ќе му се извини патем?“, напиша Захарова на својот профил на „Фејсбук“.

Во петокот помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков соопшти дека Путин на маргините на самитот на Г-20 во Кина во септември му дал на Обама „јасен одговор“ на прашањето за наводните обиди на Русија за мешање во избирачкиот процес на САД „кој, веројатно, не совпаѓаше со она што се обидуваше да ни го објасни Обама“, пренесува „Взгљад“.

И портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во петокот изјави дека Вашингтон мора или да престане да зборува за наводни руски хакерски напади на територијата на САД или презентира докази, инаку „сето тоа изгледа непристојно“, ги цитира неговите зборови РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња