РТ: Кој ги режира „прошталните пораки“ од Алепо?

Последниве денови социјалните мрежи се преплавени од „проштални пораки“ на жителите од Алепо. На видеата објавени на интернет несреќните Сиријци на добар англиски изјавуваат дека таа снимка е веројатно последна во нивниот живот. Водителката на РТ Аниса Наувеј се обидува да објасни зошто сите тие видеа се појавија токму сега, и како е можно нивните херои да личат на актери.

Новинарката објаснува дека тие кои ги објавуваат видеата се приврзаници на сириската опозиција и дека се обидуваат да ги натераат гледачите да гледаат на ситуацијата во Алепо само низ призмата на видеата. За таа цел се користат западните медиуми кои ги пренесуваат во ударни термини нивните известувања од градот.

Она што е заедничко за сите нив е дека се создава претстава дека Асад поради некои причини си го убива сопствениот народ, и дека во тоа му помага Русија.

Активистите на интернет сакаат гледачите да помислат дека луѓето кои го напуштаат Алепо бегаат од сириските сили со цел да избегнат геноцид, додека пак луѓето кои се веселат на улиците на градот танцуваат врз гробовите на загинатите деца.

„Тогаш, како е можно терористите, кои се инфилтрирале во редовите на опозицијата, да ги штитат цивилите во источно Алепо? Прашањето е – дали ќе успеат вам да ви го продадат тоа, затоа што на многумина им го продадоа?“, заклучува новинарката на РТ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња