Кореспондент на Си-Ен-Ен: САД можат да ја исклучат струјата во Москва

Барак Обама изјави дека САД нема да ги остават без одговор хакерските напади врз американските системи, а кои ѝ ги припишуваат на Русија. Кореспондент на Си-Ен-Ен смета дека еден од можните одговори би можеле да бидат санкциите или сајбер напад врз руската стратешка инфраструктура. Сепак, тој истакна дека Русија може да одговори на ист начин и дека тоа е ризично.

Џим Шуто, кореспондент на Си-Ен-Ен за национална безбедност, смета дека Вашингтон има многу опции за одговор на „хакерските напади” на Русија и тој ќе бара најефикасни методи за тоа, пренесува РТ на руски.  

Како што истакнува Шуто, САД се обидоа на неколку начини да одговорат, меѓутоа без успех. Белата куќа се обиде да ја „посрамоти“ Русија јавно, кога на крајот на октомври претседателот Обама кажа дека знае дека тоа биле Русите. Следниот потег што се очекуваше беа економските санкции како во случајот со Украина, меѓутоа таквата на Русија ѝ наштети економски, но не го промени нејзиното однесување, и прашање е дали санкциите ќе имаат некакво влијание во сајбер-сферата.  

Следниот чекор би можел да биде одговор во сајбер-просторот, во кој САД имаа многу можности – да објават негативна информација против рускиот претседател Владимир Путин, на пример, информација за неговите финансии и слично.

„Но, исто така, има варијанти кои можат да одат до тоа, да се исклучи струјата во Москва. Не сум сигурен дека можат да го сторат токму тоа, но тие очигледно можат да ги нападнат најважните системи на инфраструктурата во Русија“, смета Шуто.

Меѓутоа, проблемот е што Белата куќа се сомнева дека нејзините противници располагаат со слични можности, односно дека таквите активности на САД можат да предизвикаат повратен одговор и да дојде до нова серија ескалации, што навистина претставува ризик.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња