Руската онлајн-продавница за подароци PichShop стави 21-годишен жител на Москва на аукција како младоженец. За да го плати својот долг кон организацијата, младиот човек ќе мора да живее со жената-купувач најмалку една година, се вели на сајтот на продавницата.
„На сајтот на продавницата PichShop.ru се појави необичен оглас. Млад човек е ставен на аукција како младоженец, за да си го плати својот долг кон организацијата. Тој мора да живее со онаа која ќе го купи не помалку од 1 година“, се вели во соопштението што го пренесува РИАМО.
Во написот се истакнува дека Александар Крамаренко склучил договор со онлајн-продавницата според кој требало да направи сито-печат. Тој ги примил суровините (штици од јасен), но не ја завршил работата од причини надвор од негова контрола. Младичот ѝ должи на организацијата повеќе од 3,1 милиони рубли (нешто помалку од 50000 евра).
На сајтот како причина се наведува дека Александар бил посредник, ја примил нарачката, ја предал во производство, но партнерите го измамиле, и тој останал должен. Односите со жената-купувач ќе бидат регулирани со брачен договор. Почетната цена за младичот е 10 илјади рубли.
„Кои решенијата беа понудени? Има три опции: да ги добиеме парите, да поднесеме кривична пријава за измама или да го врати долгот на друг начин. Нема што да земеме, кривичната пријава ништо нема да ни даде. Решивме да го ставиме на аукција како потенцијален младоженец. Убаво момче е. Можеби некој ќе се заинтересира. Така сакаме да добиеме барем дел од парите“, се истакнува во соопштението.
На сајтот се прецизира дека понудите се примаат до 20 декември. Девојката која ќе ја понуди најмногу, добива можност да склучи брак.
PichShop е водечка руска онлајн-продавница за подароци, дизајнерски работи, стилски аксесоари и мноштво интересни креативни предмети од модни судија и брендови од целиот свет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче