Во понеделникот Државната изборна комисија (ДИК) на Македонија ги соопшти првичните резултатите од парламентарните избори што се одржаа во неделата, според кои владејачката од 2006 година партија ВМРО-ДПМНЕ доби 51 мандат, додека опозициската Социјал-демократски сојуз на Македонија доби 49. Останатите места во Собранието им припаднаа на различни партии од албанското малцинство.
„Сметаме дека надворешнополитичките приоритети на Република Македонија ќе бидат балансирани, ориентирани кон зацврстување на мирот и безбедноста на европскиот континент“, се вели во коментарот на МНР РФ што го пренесува РИА „Новости“.
Во него се истакнува дека изборите во Македонија, без оглед на крајно напрегнатата внатрешнополитичка ситуација, поминале мирно.
„Меѓународните набљудувачи, меѓу кои имаше и група руски претставници, не регистрираа суштински нарушувања на општоприфатените стандарди“, се вели во коментарот на МНР РФ.
Министерството исто така ги повикува сите политички сили на Македонија да ја почитуваат волјата на избирачите, да дејствуваат во уставни рамки, без да дозволат контрапродуктиво влијание однадвор врз процесот на формирање на новата влада. „Поаѓаме од тоа дека македонските политички дејци ќе го осознаат степенот на одговорност за зачувување во Македонија на стабилноста и меѓуетничката хармонија кои претставуваат неспорен фактор на мир во целиот балкански регион“, потенцира МНР РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче