„Станува збор за тоа дека претседателите им наложуваат на експертите од двете земји да почнат консултации за договарање на условите и сферите за заедничка стопанска дејност“, изјави Ушаков, пренесува „Взгљад“.
Тој објасни дека станува збор за сите острови на Јужните Курили. „Можам да набројам некои сфери: риболов, туризам, култура, медицина“, додаде тој.
Според него, заедничката стопанска дејност меѓу двете земји на Курилските острови ќе се врши исклучиво во согласност со руското законодавство.
Во четвртокот Путин пристигна во Јапонија на преговори во четири очи за мировниот договор со премиерот на Јапонија Шинзо Абе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче