Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави во интервју за „Вол Стрит Џурнал“ дека Европската унија и Русија можат да заземат заеднички став по низа меѓународни прашања како контратежа на политиката што има намера да ја спроведува администрацијата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.
Коментирајќи ја судбината на нуклеарниот договор со Иран за време на новиот претседател на САД, Могерини истакна дека секое отстапување на Вашингтон од овој договор ќе доведе до незадоволство на Москва.
„Ако го разгледуваме секој случај одделно, можат да се најдат прашања за кои, и тоа не би ме изненадило, Европејците и Русите можат да се најдат на иста страна: иранскиот договор, блискоисточното решение и, можно е, улогата на ООН“, изјави шефицата на европската дипломатија.
Во текот на предизборната кампања Доналд Трамп остро го критикуваше договорот со Иран, тврдејќи дека тој ќе ѝ овозможи на исламската република да добие нуклеарно оружје, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче