ФСБ спречи во Москва серија терористички напади подготвувани од ИД

Федералната служба за безбедност спречи во Москва серија терористички напади кои биле подготвувани по инструкции на емисар на групата „Исламска држава“ кој се наоѓа во Турција, соопшти ФСБ.

Во соопштението што го пренесува РИА „Новости“ се вели дека неутрализираната диверзантско-терористичка група се состоела од државјани на Таџикистан и еден жител на Молдавија. Според верзијата на специјалната служба, тие подготвувале серија истовремени терористички напади.

Вкупно се приведени четири лица. Во текот на претресите кај нив се најдени самоделни експлозивни направи, автоматско оружје, како и „значителни количество експлозивен материјал“ од кој планирале да направат уште една моќна самоделна бомба.

ФСБ истакнува дека милитантите подготвувале напади по директни инструкции од емисар на „Исламската држава“, по кого е распишана меѓународна потерница од властите на Таџикистан и кој во моментов се наоѓа во Турција.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња