Претседателот на Русија Владимир Путин по четврти пат се наоѓа на чело на годинешниов рејтинг на највлијателните луѓе во светот според магазинот „Форбс“.
„Рускиот претседател го прошири влијанието на својата земја речиси до секој агол на земјината топка. И дома, и во Сирија, и на претседателските избори во САД, Путин го добива она што го сака. Неограничен од воспоставените меѓународни норми, тој успеа да го засили влијанието последниве години“, пишува списанието.
„Форбс“ исто така ги споменува наводните хакерски напади од страна на Русија, кои беа насочени кон мешање во изборниот процес во САД. Покрај тоа, списанието ја потенцира „заинтересираноста“ на Русија за претседателството на новоизбраниот американски лидер Доналд Трамп.
„Во секој случај, со влегувањето во Белата куќа на можниот сојузник (Трамп), Путин ќе добие неконтролирана сила со години“, заклучува „Форбс“.
На второто место се најде новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, а третото – на канцеларката на Германија Ангела Меркел, пренесува „Газета.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче