Медиум: Русија нема да ја продаде својата независна надворешна политика

Кинеското издание на англиски јазик „Глобал Тајмс“ смета дека евенуталното подобрување на односите меѓу Русија и САД нема да влијае на одните меѓу Русија и Кина.

Назначувањето на првиот човек на корпорацијата „ЕксонМобил“ Рекс Тилерсон за државен секретар на САД ќе помогне за подобрување на руско-американските односи, меѓутоа тоа нема да влијае на стратешката соработка меѓу Москва и Пекинг, пишува кинескиот весник на англиски јазик „Глобал Тајмс“.

За својата намера да го предложи Тилерсон за функцијата државен секретар на САД во вторникот соопшти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ќе стапи на функцијата на 20 јануари. Кандидатурата на Тилерсон треба да биде одобрена од Сенатот на американскиот Конгрес, каде што Републиканската партија има незначително мнозинство.

Доколку Сенатот ја одобри кандидатурата на Тилерсон, кој има блиски деловни врски со Русија, американско-руските односи треба да се подобрат, пишува весникот.

„Дури и во случај на некакво подобрување во односите меѓи САД и Русија, тоа на ниту еден начин нема да влијае на сестраното стратешко партнерство и соработка меѓу Русија и Кина. Меѓу Москва и Пекинг не постојат територијални спорови и идеолошки разлики. Дури и во најтешките денови за Русија Кина никогаш не го смени својот почитувачки однос спрема својот сосед и спрема Путин лично. Билатералните односи го издржаа тестот на времето“, пишува  „Глобал Тајмс“.

„Русија никогаш нема да ја продаде својата независна надворешна политика. Најдобра состојба на односите меѓу Москва и Вашингтон нема да го промени светот на северната граница на Кина (со Русија) или поддршката на едни со други за многу меѓународни прашања“, продолжува весникот.

Според весникот, за вистински напредок во односите Москва и Вашингтон треба да постигнат напредок за прашања како што се Сирија и проширувањето на НАТО на исток.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња